Досега 10.000 штипјани доставиле даночни пријави за дополнителни приходи

Од:

Вкупно 10.000 штипјани досега доставиле годишна даночна пријава дека минатата година оствариле дополнителни приходи, информираше денеска Маре Данкова вработена во регионалната дирекција на УЈП во Штип.

Таа истакна дека рокот до кој граѓаните треба да ги достават пријавите за дополнителните приходи истекува на 15 март.

– Регионална дирекција УЈП-Штип ги потсетува сите граѓани кои имаат остварено дополнителни приходи во текот на 2016 година од закупнини, кирии, дивиденди, авторски права, игри на среќа кои се со поголем износ од 5.000 денари, потоа регрес, односно К-15, а исто така и од интернет игрите, обложување на странските интернет страници имаат обврска тој приход да го пријават до 15 март 2017 година, рече Данкова.

Регионалната дирекција на УЈП-Штип е отворена за граѓаните секој работен ден од 8:30 до 18 часот и се апелира граѓаните да не го чекаат последниот ден.

Би можело да ве интересира

Поради зголемен прилив на ДДВ-04 пријави, системот Е-даноци работи забавено

УЈП очекува детали од Министерството за финансии за најавеното намалување на даноци

Констатирани неправилности кај шест даночни обврзници во општина Виница

ВМРО-ДПМНЕ: Парите што се краделе од СДС и ДУИ сега завршуваат во буџетот

Петрова ја презеде директорската функција во УЈП

Елена Петрова нов директор на УЈП, Бобан Николовски на Царинската управа