Донесена одлука за намалување на ризиците за раст на цената на струјата

Од:

На денешната 130-та седница, Владата донесе измени и дополнувања на Уредбата за критериумите и условите за прогласување кризна состојба во случаи на временски и природни непогоди, хаварии и нарушувања на пазари на електрична енергија, начинот на снабдување со електрична енергија во кризна состојба, мерките што се преземаат, како и правата и обврските на носителите на лиценци за вршење на електроенергетски дејности.

„Со предложените измени, во услови на кризна состојба се овозможува ЕВН ХОМЕ да не набавува електрична енергија од повластените производители на електрична енергија коишто користат обновливи извори на енергија со што се намалуваат трошоците за набавка на електричната енергија на ЕВН ХОМЕ затоа што енергијата наместо од повластените производители ќе се обезбеди преку АД ЕСМ Скопје по пониски цени со што се намалуваат факторите кои влијаат на висината на цената на струјата за крајните корисници.

Дополнително, имајќи ги предвид високите цени на електрична енергија на отворениот пазар на електрична енергија, количините на електрична енергија од повластените производители ќе се распределат кај сите останати снабдувачи и трговци.

Со тоа ќе се зголеми делот од електричната енергија од повластените производители во вкупното портфолио на снабдувачите и трговците, и тие ќе имаат финансиска корист затоа што просечната цена на електричната енергија од повластените производители во тековниот период е значително пониска од цената на електричната енергија на отворениот пазар.

На оваа своја седница Владата ја донесе Програмата за финансиска поддршка за производство на електрична енергија од повластени производители кои користат премија за 2022 година.

Програмата ја уредува вкупната инсталирана моќност на електроцентралите по вид на технологии за кои ќе се доделува премија по спроведена тендерска постапка и склучени договори за користење на премија во 2021 година и износот на средствата потребни за исплата на премиите за произведената и продадена електрична енергија во 2022 година.

Корисници на средства од оваа програма се производителите на електрична енергија коишто во согласност со Законот за енергетика се стекнале со право на користење на премија.

За реализација на оваа програма се обезбедуваат 20.000.000,00 денари и кои се утврдени во Буџетот на Република Северна Македонија за 2021 година. Средствата на оваа програма се доделуваат врз основа на договори за користење на премија склучени помеѓу Министерството за економија и корисникот на средствата, коешто е одговорно и за начинот и динамиката за реализирањето на оваа програма“, велат од Владата.

Би можело да ве интересира

Елиминирањето на конкуренцијата во изборот за универзален снабдувач граѓаните ќе ги чини стотици милиони евра повеќе за сметки за струја

А1он

Универзалниот снабдувач избран без да се овозможи конкуренција, граѓаните ќе плаќаат милиони евра повеќе за струја

А1он

Влада: Веднаш по изборите да се подготват законски решенија за статусот на специјализантите по медицина

За универзален снабдувач прифатена понудата на ЕВН Македонија електроснабдување ДООЕЛ Скопје и ЕВН Македонија АД Скопје

Штрајк на приватните специјализанти: Работиме 24 часа за 26.000 денари, а немаме ниту здравствено

Орце Костов

Зошто се тактизира со извештајот за избор на универзален снабдувач?

Орце Костов