Домбровскис: ЕК е подготвена да ги обнови преговорите со Грција, но чека мандат од еврогрупата

Од:

Европската комисија треба да добие мандат од еврогрупата за обновување на преговорите со Грција, изјави денеска заменикот претседател на комисијата Валдис Домбровскис.

Местото на Грција е и останува во Европа, стабилноста на еврозоната не е под прашање, истакна тој, додавајќи дека се почитува демократскиот избор на Грците на вчерашниот референдум, но дека во еврозоната има 19, а не само една демократија.

– Нема лесен излез, многу време и можности беа потрошени, многу малку се добитници од сегашната ситуација, изјави заменикот претседател на ЕК, нагласувајќи дека за изнаоѓање на решение е потребно сериозно однесување од сите преговарачки страни.

Ќе биде тешко воспоставување на финансиска стабилност во Грција без постигнување на договор, без стратегија за враќање на растот и реформи, затоа Владата во Атина треба да биде искрена и отворено да и објасни на грчката јавност, која е тежината на одлуките што ги носи, истакна Домбровскис.

Според Домбровскис, Европа беше до Грција во текот на целата криза, европските даночни обврзници обезбедија финансиска помош од 185 милијарди евра и на утрешната седница на министрите за финансии во Брисел се очекува да бидат одредени следните чекори.

Заменикот претседател на ЕК нагласи дека постојат сите средства за обезбедување на финансиска стабилност во еврозоната, како и дека институциите во ЕУ се на готовност да ги искористат и спречат ширење на нестабилност.

Домбровскис затворањето на банките во Грција го оценува како нефер одлука. Според него, ЕК е подготвена да продолжи да работи со Грција, но не може да преговара за нова спасувачка програма без мандат од еврогрупата.

Би можело да ве интересира

Четири опозициски партии доставија барање за гласање недоверба на грчката Влада

А1он

(ВИДЕО) Грција е целосно парализирана: Има судири, летаат солзавци и молотови коктели

Горан Наумовски

Нова демократија: Продолжуваат нападите врз партијата

А1он

Живеат над 90 години и не знаат за деменција – жителите на грчки остров пијат чај секој ден

А1он

Грк се забарикадира во работилница, уби две лица, сега се заканува со граната

(ВИДЕО) Егзодус од Санторини, 11.000 жители го напуштија островот