Социјалната зграда во Бутел, кој е најголем објект од овој тип почнат во последните 20 години ќе овозможи дом на 312 семејства од социјално ранливите категории граѓани. Увид во диманиката на изградба извршија новоизбраниот министер за транспорт и врски Благој Бочварски и Генералниот директор на АДСДП Кристијан Трајковски.
Според Трајковски, во почеток на градба се уште 3 социјални згради за ваква намена- во Демир Капија, Гевгелија и во Велес, а до крај на годината ќе бидат завршени постапките за 3 социјални згради во Прилеп, Штип и во Кочани.
Министерот Бочварски најави дека со сериозна динамика ќе продолжи искористувањето на капиталните инвестиции бидејќи во време на Ковид криза, кога се намалени јавните потрошувачки , државата треба да дада се од себе да ги реализира капиталните инвестиции.
Потенцираше дека сите средства што се предвидени за станбена изградба од ваков тип се реализирани, а во интерес на побрза динамика, доколку е потребно, најави дополнување на средствата со првиот ребаланс на буџетот.Во моментов, низ државата се градат над 500 вакви станови, од кои 312 се во зградата во Бутел
Генералниот директор Кристијан Трајковски посочи дека и покрај последиците од вирусот Ковид- 19, АДСДП нема застој во делот на продажбата на комерцијални станови.
„Напротив, сите залихи на станови се сведени на минимум, во тек е изградба на две комерцијални градби во Аеродром, ќе почнеме уште неколку комерцијални градби следната година. Комерцијалните станови во Аеродром се продадоа уште во фаза на градба со просечна цена од 850 евра по м2“, изјави Трајковски, најавувајќи дека АДСДП ќе продолжи да биде регулатор на цените на пазарот за продажба на станови.