ДОМ: Масовно користење на сончевата енергија за излез од енергетската криза

Од:

Зелената партија ДОМ истакнува дека единствено одржливо решение за енергетската криза е интензивно инвестирање во производство на електрична енергија од обновливи извори на енергија, пред се од сонце.

– Секој кров е потенцијален енергетски капацитет кој треба да се искористи. Потребно е веднаш да се отпочне со процесот на енергетска транзиција за да постепено обновливите извори станат примарен извор на енергија, соопшти ДОМ.

ДОМ бара Владата и локалните власти итно да донесат одлука со која ќе ги задолжат државните институции и јавни претпријатија веднаш да започнат со инсталирање на фотонапонски панели и реконструкција за енергетски ефикасни фасади, на сите јавни објекти.

– Итно да се поедностави процедурата за добивање дозволи за поставување фотоволтаици и да се отстранат сите лимити за инсталирана моќност на постројките за производство на струја кои граѓаните и компаниите можат да ги инсталираат на своите кровови. Со итно спроведување на овие мерки предвидуваме дека во наредните 6 месеци би се инсталирале нови 200 МW, а до крајот на 2022 година уште 200, или вкупно 400 MW фотонапонски панели или доволно енергија за околу 100.000 домаќинства, се наведува во соопштението на ДОМ.

Би можело да ве интересира

ДОМ: Се противиме на промени во урбанистичкото планирање на брза рака

ДОМ: Интеграција наместо сегрегација

Вонреден конгрес на ДОМ – до локалните избори партијата ќе има в.д. раководство

Претседателката на ДОМ поднесе оставка

Горан Наумовски

ДОМ поддржува влез на ВМРО-ДПМНЕ во Владата, за продолжување на евроинтеграциските процеси

ДОМ со условена поддршка за Владата

Катерина Ѓуровски