Долговите во Тутунски комбинат Прилеп ќе се претворат во траен долг

Од:

Побарувањата на државата по основ на јавни давачки во Тутунскиот комбинат Прилеп ќе се претворат во траен влог. Ова се предвидува во новиот предлог-закон што денеска го помина првото читање на матичната собраниска Комисија за финансирање и буџет.

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески појасни дека со понудениот модел ќе му се овозможи на претпријатието финансиска стабилност и непречено извршување на обврските кон трети лица.

– Овој модел им помага за вработените и Владата како предлагач го има интересот да ги заштити вработените и тутунопроизводителите. Ако имаше друг начин да се заштити нивниот интерес ќе го предложевме. Се обидовме со други начини да го продадеме претпријатието со цел да ги одржиме работниците на работа, но немаше заинтересирани инвеститори. Сметам дека секое работно место и секој вработен таму е значаен и не смееме да губиме работни места затоа што зад тие луѓе стојат фамилии кои треба да се прехранат. Од тие причини се одлучивме на овој чекор бидејќи немаше други алтернативи, потенцира Ставрески.

Тој нагласи дека интенцијата на законот е да се овозможи следење на активностите во иднина што ги наметнуваат новите потреби на пазарот и новонастанатите состојби, вклучително и стратешкото партнертво со Филип Морис, познат бренд во тутунската индустрија.

Вицепремиерот потсети дека Тутунскиот комбинат е од особено значење за економијата, посебно за Прилеп и оти овој комбинат успеал да се одржи во дејноста со вкупно учество од 19 проценти на пазарот на тутун, да извојува средства за трошоците на вработените и да ги зголеми приходите од продажбата на своите производи.

Пратениците од СДСМ се изјаснија дека ќе го поддржат законот заради тутунарите и вработените во Тутунскиот комбинат, но истакнаа дека се спротиставуваат на моделот и начинот што се предлага за да му се простат долговите на комбинатот.

Тие побараат одговор за колкава сума на долгови се работи и прашаа кој ќе понесе одговорност за недомаќинското работење на менаџерскиот тим кој направил долгови од 700 милиони денари.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ е платформа за поврзување на регионот со светот

MINT Fintech Group ја поддржа eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер

АД МЕПСО ги прекинува сите видови на донации и спонзорства до крајот на оваа година

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Победата на Доналд Трамп на американските избори го зајакна доларот во однос на еврото

Буџетот за 2025 година усвоен на владина седница