Долгот на „Агрокор“ достигна 5,4 милијарди евра

Од:

Компанијата „Агрокор“ денеска соопшти дека до 31 март нејзините долгови достигнале 40,4 милијарди куни, односно околу 5,4 милијарди евра.

Во оваа сумата не е пресметан билансот на „Меркатор“ и фирмите поврзани со овој словенечки трговски ланец.

Долгот по доспеани камати, останати заеми, резервации, одложена даночна обврска и останато, не го покажуваат влупното задолжување на целокупната групација, туку само долговите на најголемите 19 друштва во рамки на „Агрокор“.

На 13 април 2017 година „Агрокор“ со гаранции од одредени фирми кои се дел од концернот, зел кредит од 80 милиони евра, што не е прикажан во извештајот и бил користен како обртен капитал.

Во „Агрокор“ се оградуваат дека и понатаму ги проверуваат потенцијалните неправилности во финансиските извештаи и поради тоа не е можна ревизија и на тие податоци.

На почетокот на април, Хрватскиот сабор донесе посебен закон, популарно наречен „Лекс Агрокор“, за спас на компанијата од банкрот.

Би можело да ве интересира

Најмалку две лица загина во сообраќајка во Хрватска

Сообраќајна несреќа во Хрватска, неколку лица загинаа, има и повредени

Две сестри тргнаа на свадба, починаа во сообраќајка

А1он

(ФОТО) Во сообраќајка загина екс хрватски фудбалер, во друго возило беа неговите сопруга и ќерка

А1он

ВИДЕО: Голем пожар во фабрика во Хрватска

Уапсен e музичарот Миле Кекин