Дојран со нов лик за летната туристичка сезона

Од:

До почетокот на летната туристичка сезона Дојран ќе добие нов лик со реализирање на проектот за уредување на плажите.

Градската плажа, во должина од 500 метри, од новите содржини ќе добие главен сервисен пункт и два помошни шанкови, три нови тоалети, нови лежалки, санитарни јазлии шест спортски терени за мал фудбал, тенис и одбојка на плажа.

Проектот за уредување на плажите во Дојран чини 1,5 милиони евра што ги обезбеди Владата на РМ преку Министерството за транспорт и врски.

Според градоначалникот Борче Стамов, тоа  е еден од поголемите реализирани проекти во овој туристички центар.

– Покрај Градската плажа, на која е ставен акцент, се уредува и плажата на влезот во Стар Дојран, во должина од 100 метри.Доколку се оди според предвидената динамика, градежните работи планирано е да завршат до втората половина на јуни така што се надеваме дека реализацијата на проектот  ќе ги поттикне и приватните концесионери да ги подобрат условите за престој на туристите на нивните плажи,  изјави Стамов.

Би можело да ве интересира

Земјотрес почувствуван утрово во Дојран

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Дали сте спремни за продолжениот викенд?

Предраг Петровиќ

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

Англиски турист ги осквернави фреските во Помпеја: „Сакав да оставам трага од мојата посета“

Предраг Петровиќ