Договор со СБ за финансирање обнова на патишта

Од:

Договор за финансирање Проект за рехабилитација на магистрални и регионални патишта, со кредит од 52 милиони евра од Светска банка ќе биде потпишан денеска во Скопје.

Во првиот дел од проектот треба да бидат обновени 112 километри магистрални и регионални делници. Следната година е предвидена обнова на патните правци Бошков мост – Дебар, Ресен – Буково и  Битола – Макази. Заемот е со рок на исплата од 23 години и шест години грејс период.

Договорот ќе го потпишат вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, директорката на Канцеларијата на Светска банка во Македонија Татјана Проскурјакова и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Љупчо Георгиевски.

Би можело да ве интересира

Средби со Светска банка: Светска банка со поддршка на реформските активности на Народната банка за пристапување кон СЕПА

Николоски на средби во СБ – Продолжуваме со спроведување на реформите дефинирани со нашите партнери, 695 милиони долари поддршка од СБ

Наместо замрзнување на цените, да се обезбедат подобро платени работни места препорачува Светска банка

Светска банка: Македонија со најнизок економски раст во регионот

Бочварски од Велес: Вложивме 1,1 милион евра за подобрување на локалната патна инфраструктура во градот

Орце Костов

Преку проект на Светската банка ќе се модернизираат и ќе се поврзуваат платните системи на Западен Балкан