Доделување на признанието за Автомобил на годината во Македонија

Од:

Националното жири за избор на автомобил на годината вечер официјално ќе ги додели признанијата за најдобар автомобил и SUV во Македонија за 2013 година и специјалното признание за адекватност на македонскиот пазар.

За најдобар автомобил во 2013 година во Македонија е избран „Сеат Леон“, признанието „SUV на годината во Македонија“ го понесе „Митцубиши Аутлендер“, а како резултат на импресиите, на „Пежо 301“ му е доделено специјално признание за адекватност на македонскиот пазар.

Во конкуренција на осум финалисти, „Сеат Леон“ ја освои тутулата со четири гласа од жири комисијата, додека другите двајца членови гласаа за „Пежо 301“.

Во трката за ова престижно признание во автомобилската индустрија годинава беа осум финалисти. Во потесната конкуренција за избор беа Дачија Лоџи, Греат Вол Ховер Х5, Киа Оптима, Мерцедес А класа, Митцубиши Аутлендер, Пежо 301, Сеат Леон и Хонда Сивик.

Главните критериуми за оценување на автомобилите беа адекватност и понуда на домашниот пазар, економичност и еколошка прифатливост, безбедност и примена на технолошки достигнувања, возни својства, дизајн, комфор и опременост.

Досегашни освојувачи на титулата „Автомобил на година“ во Македонија се Фиат Браво/Брава (1996), Рено Меган (1997), Опел Астра (1998), Шкода Октавија (1999), Фиат Пунто (2000), Сеат Леон (2001), Тојота Корола (2002), Мазда 6 (2003), Мазда 3 (2004), Сеат Алтеа (2005), Фолксваген Пасат (2006), Опел Корса (2007), Киа Сид (2008), Фолксваген Голф (2009), Опел Астра (2010), Хјундаи И Икс 35 (2011) и Киа Рио (2012).

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

Орце Костов

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

Орце Костов

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

Орце Костов

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

Орце Костов

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска