Доделени само 50 „Купи куќа, купи стан“ кредити

Од:

Првите субвенционирани кредити од Владата на Република Македонија за проектот „Купи куќа, купи стан“ ги додели денска вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставревски.

Вредноста на доделените кредити е 1.447.614 евра, од кои одобрените субвенции се 271.239 евра. Субвенцијата за моделот половина рата е 242.948 евра, додека за вториот модел за половина учество субвенциите изнесуваат 28.291 евра.

Од доделените кредити 38 се за купување нов стан, пет за изградба на нова куќа, три за поголем стан и четири за надградба на куќа.

Можноста за апликација за проектот „Купи куќа, купи стан“ е до 31 мај.

Би можело да ве интересира

Владата размислува користењето на криптовалути да го стави во законски рамки

Влада: Оставката на Дамева е единствената исправна одлука

Ставот на Владата за уставните измени е јасен и остануваме на истиот, изјави Митева

Азизи: Владата вонредно заседаваше, донесена одлука да се позајмат на градот Скопје дел од нафтените резерви на државата

Град Скопје: Ја поздравуваме одлуката на Владата

Нафта од државните резерви за Градот Скопје за решавање на проблемот со автобусите