Додека другите бараат помош за струјата зимава, Ковачевски се фалеше на Отворен Балкан и зборуваше за вина

Од:

Две реченици за енергетската криза и благодарност саемот на вина во Белград. Вака Димитар Ковачевски, премиер на Македонија го започна говорот на Самитот „Отворен Балкан“. Додека премиерот на Албанија, Еди Рама зборуваше за тоа дека ќе треба помош од ЕУ, Ковачевски објаснуваше како ќе се произведува струја во земјата.

Премиерот на Македонија, за разлика од Рама, не побара помош од ЕУ. Тој смета дека со Отворен Балкан, ќе биде подобро оваа зима.

„Ако ние имаме производствени капацитети, истовремено, имаме недостаток на суровини кои ги има во Србија или Албанија. Затоа оваа соработка е значајна“, кажа Ковачевски.

Тој објаснуваше за ангажирање на кинематографи од Западен Балкан и за поврзување на регионот, за странски директни инвестиции, за задржување на инвеститори.

„Потенцијалите за поврзување на регионот беа интерес на денешната средба, дојдовме до согласност дека заеднички ќе работиме и во оваа насока“, додаде Ковачевски.

Во остатокот на говорот, Ковачевски кажа дека Македонија ќе ги активира сите капацитети за производство на електрична енергија.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Голема измама на „Вреди“ за Отворен Балкан

Ковачевски вели работел законски, очекува непристрасна постапка од институциите

Катерина Ѓуровски

МВР го објави деталите од кривичната против Ковачевски, Груби и Бајрами

А1он

Не е отфрлена кривичната пријава против Ковачевски, Обвинителство ги проверува наводите

Катерина Ѓуровски

Трипуновски: Продажбата на македонското вино надвор од границите на државата е зголемена

Филипче ја презеде претседателската функција во СДСМ