Добри резултати на индонезиската економија

Од:

Индонезија денеска соопшти дека по тримесечен дефицит на извозно – увозниот баланс, од по речиси две милијарди долари месечно, во мај е постигнат позитивен баланс од околу 70 милиони долари. Во Џакарта е соопштено дека и инфлацијата во јуни е намалена на 6,7 посто, што за оваа 250 милионска држава е добар резултат.

Индонезијците искажаа задоволство и од остварениот пораст на БДП во првиот квартал на годинава од  5,21, со што се остваруваат плановите за остварување на вкупен БДП од над илјада милијард и 150 милиони долари.

Задоволство од добрите резултати во економијата го зголеми и извештајот за зголемување на туристичкиот промет. Само во мај Индонезија ја посетиле 752 илјади странски туристи кои оствариле над 10 милиони ноќевања.

Би можело да ве интересира

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници

ВИДЕО: Колапс во Индонезија, евакуирани 70 илјади луѓе

Катерина Ѓуровски

Индонезија: Во судир на возови најмалку три лица загинаа, 28 се повредени

Индонезија: Еруптираше вулканот Марапи, автомобилите и патиштата прекриени со пепел

Горан Наумовски