Доаѓа „судниот ден“ за светската економија

Од:

Глобалната економија влезе во циклусот „Судниот ден“, ништо не може да и помогне да доживее раст, да се ослободи од долговите и да запчне нов живот, предупредуваат економистите.
„Новиот ,бран’ од кризата не е далеку, иако политичарите продолжуваат да тврдат дека има светлина на крајот од тунелот и дека знаат како ќе не спасат“, истакнаа Питер Бун од Лондонската школа за економија и Сакмон Џонсон од Факултетот за менаџмент во Масачусетс.
Неодговорното однесување на регулаторите на финансиските пазари и банките во голема мера ја иницираа актуелната криза, но наместо да ги казнат, владите и централните банки фрлаа нови пари во „разврзаните“ раце.

Резултатот од таквата политика е катастрофален – Грција, Португалија и Ирска се во состојба да преживеат благодарение на парите од Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд.
Ситуацијата е слична, ако не и иста во Италија и Шпанија.

Кога започна кризата во 2007-2008 година многу економисти велеа дека не треба да се трошат парите на бесмислени работи, но нивниот глас не се слушна од „хорот“ на оние кои постојано бараа нови и нови програми за помош.
Сега, ситуацијата е обратна: изобилството на финансиски инструменти се смета како глупости, а зголемувањето на износот на слободни пари на пазарите се смета за лудило.

Според Бун и Џонсон се влошуваат и проблемите во Јапонија и САД, а политичарите од двете земји не покажуваат поголема загриженост.
Наближувањето на циклуот „судниот ден“ веќе ги погаѓа посиромашните, но и Европа и тоа повеќе отколку порано, предупредија споменатите.
Сите треба да се загрижат за финансискиот систем во еврозоната, затоа што програмата за економскиот раст и намалувањето на буџетските трошоци остана неисполнета.

Класичен пример за погубната попустлива политика е Јапонија, која во последните 30 години го зголеми својот национален долг, што сега изнесува 235,8 % од бруто домашниот производ и е најголем во светот. 95 проценти од јапонскиот долг е во рацете на домашните инвеститори, кои пак навидум се многу среќни заради ниските каматни стапки. Во САД ситуацијата е сосема различна, но во тоа е и суштината на циклусот „судниот ден“.
Учеството на кредитите во националниот приход расте, големите играчи во пазарите станаа премногу големи за да банкротираат, а на владите, како резултат на сето тоа, не им остана ништо друго освен да ги субвенционираат.

Сепак, во еден момент, Владите едноставно не ќе можат да си дозволат да продолжат да ги спасуваат банките, бидејќи ќе има доволно луѓе кои се подготвени да купат американски обврзници и тогаш ќе настане колапсот, предупредија двајцата економисти.
Половина од американскиот федерален долг, сега е во сопственост на странци. Тие ќе го задржат се додека веруваат во доларот како сигурна валута, а на оваа земја не и постои конкуренција во светот. Влошувањето на кризата во еврозоната ќе ги охрабри луѓето да му веруваат на доларот и да го имаат во поголем број. Токму еврозоната сега е најголема закана за светскиот финансиски систем, а нејзината трагедија се чини неизбежна.

Би можело да ве интересира

Над 2.500 земјоделски и прехранбени производи се очекува да поевтинат со новиот закон за нефер трговски практики

Орце Костов

Работниците со ниски приходи ќе добијат 3.555 ваучери за туризам од 300 евра

Орце Костов

Субвенции за клими: За југозападна Македонија ваучери од 25.000 денари, за останатите 2000 помалку

Орце Костов

Путин: Русија ја престигна Германија и стана првата економија во Европа

Горан Наумовски

Николовски: Очекувам цена до 400 денари за тутун од прва класа и минимум за 20 отсто повисоки откупни цени за годинава

Секој граѓанин треба да плати за тоа што потрошил: Бектеши повика да се реши проблемот со струјата во Слупчане

Орце Костов