До среда банките од еврозоната треба да вратат 61 милијарди евра кредити

Од:

Вкупно 356 банки од еврозоната до 27 февруари треба да вратат 61,1 милијарда евра од кредитите со ниска каматна стапка и рок на отплата од три години, што им беа доделени минатата година.

Овие кредити банките во еврозоната ги добија  во рамки на итните мерки за покривање на нивната ликвидност, со цел да се избегне крах на банкарскиот сектор во блокот.

Согласно програмата на Европската централна банка (ЕЦБ) за помош на банкарскиот сектор насловена „Долгорочни операции за рефинансирање“, по истекот на првата година од задолжувањето, банките имаат обврска да вратат дел од износот на долгот.

– Според тоа, 356 банки во еврозоната на 27 февруари ќе вратат 61,1 милијарда евра од евтините тригодишни кредити, се вели во кусото соопштение на ЕЦБ.

Би можело да ве интересира

Босанац: Не може да постои демократија без слободни медиуми и без граѓанското општество

Третина од Украинците би се откажале од НАТО, петтина би се откажале од ЕУ

Трамп: Ќе воведеме царини од 25 отсто на увозот од Европската Унија

Горан Наумовски

ЕУ им нуди на Украинците сопствен договор, постои клучна разлика од тој на Трамп

ЕУ усвои нов пакет-санкции против Русија

Калас: Одржувањето претседателски избори за време на војна не е опција за Украина