До крајот на март ЈП на централно и локално ниво да излезат на слободниот пазар за електрична енергија

Од:

Сите јавни претпријатија во државна сопственост и во сопственост на општините најдоцна до 31 март годинава треба да изберат снабдувач со електрична енергија, односно да спроведат набавка за електрична енергија. Во оваа последна фаза на потрошувачи што имаат обврска да излезат на слободниот пазар на електрична енергија опфатени се 2.474 потрошувачи. Меѓу нив е и Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги која донесе одлука да спроведе постапка за јавна набавка на електрична енергија со што ја исполнува оваа обврската пропишана согласно Законот за енергетика.

– Станува збор за исполнување на обврска согласно Законот за енергетика. Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги низ транспарентна постапка ќе одбере снабдувач за електрична енергија за една година, а договорот за јавна набавка ќе го добие оној снабдувач со електрична енергија што ќе понуди најниска цена во текот на електронската аукција, а чија понуда претходно ќе биде оценета како прифатлива. Постапка ќе заврши со спроведување на електронска аукција, во која ќе се изврши рангирање на понудувачите според висината на понудените цени. Евалуацијата на понудите ќе се врши согласно методологијата пропишана од министерот за финансии. По потпишувањето на договорот со најповолниот снабдувач, практично РКЕ ќе излезе на слободниот пазар за електрична енергија, вели Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Од регулаторното тело им укажуваат на сите јавни претпријатија во државна сопственост и во сопственост на општините што ги исполнуваат критериумите и се квалификуваат да излезат на слободен пазар дека треба да изберат снабдувач со електрична енергија односно да спроведат набавка за електрична енергија и да склучат договори најдоцна до 31 март годинава.

Регулаторна комисија за енергетика се најде на листата што ја објави Електродистрибуција ДОЕЛ Скопје на правни субјекти што треба да изберат снабдувач на електрична енергија на отворениот пазар и не влегуваат во дефиницијата на мали потрошувачи.

Во оваа последна фаза на потрошувачи што имаат обврска да излезат на слободниот пазар на електрична енергија опфатени се 2474 потрошувачи, а РКЕ е со реден број 1.483. Покрај, Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги, на листата се наоѓаат и основни училишта, градинки, јавни здравствени установи, судови, банки и останати потрошувачи што се квалификуваат да излезат на слободниот пазар за електрична енергија.

Би можело да ве интересира

Бислимовски: Со новиот Закон за енергетика се оди кон либерализација на пазарите што поттикнува инвестиции

Божиновска: Регионалната соработка е од особена важност за енергетската трансформација

Божиновска најави ревизија на сите државни институции во делот на енергетика

Катерина Ѓуровски

РКЕ: Цената на струјата за најголемиот дел од потрошувачите од домаќинствата поскапува за 0,5 отсто

Горан Наумовски

Во првите сто дена од новата влада Мицкоски најави проект во енергетиката, две инвестиции и проширување на други две

А1он

Во ниту еден случај нема да се поскапи парното за домаќинствата, тврдат од Регулаторна

A1on