До дваесет пати пониски емисии на цврсти честички од максимално дозволените во Макстил

Од:

Емисиите на цврсти честички од Макстил во првата половина на годината се до дваесет пати пониски од граничните вредности, покажува извештајот од мерењата по месеци. Компанијата во континуитет ги мери емисиите на цврсти честички од двете мерни точки, односно од двата оџаци во производниот процес и секој од овие извештаи покажал повеќекратно пониски вредности од дозволените.

Мерењата за последните три месеци покажуваат дека во мерна точка Оџак од филтер постројка најниската вредност била измерена во месец април и изнесува 0,24 микрограми на метар кубен, а највисоката во месец јуни и изнесува 1,3 микрограми на метар кубен (mg/Nm3), а граничната вредност на оваа точка е 20 микрограми на метар кубен. На втората мерна точка, Оџак од пескара, каде најниската дозволена гранична вредност изнесува 30 микрограми на метар кубен, највисоката вредност била измерена во месец јуни и изнесува 8,32 микрограми на метар кубен.

Вредностите на емисиите од двата оџаци на Макстил во текот на сите месеци кога активно работи компанијата, се пониски од граничните вредности пропишани од Министерството за животна средина, а дефинирани во А-интегрираната еколошка дозвола, како и од пропишаните европски гранични емисиони вредности.

Континуираното намалување на емисионите вредности е резултат на инвестициите на Макстил во современи технолошки процеси за контролирање на производството и е во согласност со компанискиот општествено одговорен однос кон заедницата за заштита на животната околина.

Во прилог на ова соопштение е пресекот на емисионите вредности на цврсти честички од двете мерни точки во периодот од јануари до јуни 2024 година.

Би можело да ве интересира

Макстил доделува годишни стипендии за студенти и за средношколци

Семеен ден на Макстил со децата поддржани од СОС Детско село

Од факултет веднаш до вработување – Макстил потпиша меморандум за соработка со Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје

Предраг Петровиќ

Макстил го промовира и поддржува концептот на циркуларна економија преку проектот на M6 едукативен центар и Хелветас

Предраг Петровиќ

Макстил станува стратешки партнер на СОС Детско село: „Да ги пренесеме најважните семејни вредности за децата во кумската куќа“

Орце Костов

Емисиите на цврсти честички од Макстил на најниско ниво

Орце Костов