До 30 јуни бесплатно приклучување на парно греење

Од:

До 30 јуни годинава, „Снабдување со топлина Балкан Енерџи“ повторно нуди можност за бесплатно приклучување на системот за централното греење.

Акцијата, како што соопшти компанијата, ќе биде спроведена по принципот „прв пријавен, прв услужен“, а ќе важи за сите заинтересираните потрошувачи кои имаат техничка можност, но не се приклучени на системот за толинска енергија.

За да ја искористат можноста за бесплатно приклучување, заинтересираните потрошувачи треба што поскоро, најдоцна до 30-ти јуни, да поднесат писмено барање за приклучување во некој од наплатните центри на „Снабдување со топлина Балкан Енерџи“. За да се информираат за постапката за приклучување, потрошувачите можат да се јават во Центарот за грижа за потрошувачи на БЕГ, на телефонскиот број 02/3076-200.

Поволностите од оваа акција важат само во објектите кои се приклучени на централниот систем за греење и каде има техничка можност за приклучување на потрошувачите. Секоја дополнителна интевренција во мрежата и инсталацијата во објектот на корисниците ќе се наплатува согласно ценовникот на БЕГ. По завршување на акцијата, односно од 1-ви јули, приклучувањето ќе се наплаќа во целост, согласно важечкиот ценовник.

Балкан Енерџи за заинтересираните граѓани на веб – страницата www.beg-snabduvanje.com.mk има поставено калкулатор за потрoшувачка на топлинска енергија.

-Секој потрошувач може да направи индикативна пресметка и споредба на трошоците за греење на иста загревна површина при користење различни начини за греење. Плаќањето на рати изразено преку дванаесет месечни фактури е дополнителна финансиска погодност во однос на другите извори на греење, наведува компанијата.

Би можело да ве интересира

Бислимовски: Цената на парното греење во Скопје ќе биде стабилна до следното лето

Почна грејната сезона во Скопје

Катерина Ѓуровски

Грејната сезона почнува на 15 октомври, Регулаторна апелира да се платат сметките и да се проверат инсталациите

Катерина Ѓуровски

Бислимоски: Сметките за парно за најголем дел од скопските домаќинства ќе бидат пониски за 3,16 отсто

Се намалува цената на парното

АД ЕСМ: Грејната сезона продолжува поради временските услови