До 15. март пријавување дополнителни приходи за 2014. година

Од:

Граѓаните кои во текот на минатата година оствариле дополнителен приход, до 15. март треба да поднесат Годишна даночна пријава до Управата за јавни приходи.

Годишна даночна пријава поднесуваат граѓаните кои покрај плата или пензија оствариле и приходи од капитални добивки, од издавање под закуп на станбен објект (кирија) или хонорар по основ на авторски договор, ако учествувале во наградна игра и оствариле добивка над 5.000 денари, ако имаат примања од странство, работно се ангажирани во амбасада, мисија на меѓународна организација.

Граѓаните може да поднесат Годишна даночна пријава до дирекциите на УЈП, во отворените даночни шалтери, како и електронски.

Mинатата година беа поднесени околу 180.000 годишни даночни пријави.

Би можело да ве интересира

Поради зголемен прилив на ДДВ-04 пријави, системот Е-даноци работи забавено

УЈП очекува детали од Министерството за финансии за најавеното намалување на даноци

Констатирани неправилности кај шест даночни обврзници во општина Виница

ВМРО-ДПМНЕ: Парите што се краделе од СДС и ДУИ сега завршуваат во буџетот

Петрова ја презеде директорската функција во УЈП

Елена Петрова нов директор на УЈП, Бобан Николовски на Царинската управа