„Џонсон Мети“ со втора фабрика во Македонија

Од:

Најголемиот извозник од земјава, британската компанија „Џонсон Мети“, ќе го удвои производството во Македонија.

dobivaj vesti na viber

Kомпанијата ќе отвори уште една фабрика за катализатори во индустриската зона „Бунарџик“ кај Скопје, чија изградба вчера ја најавија претставници на фирмата заедно со македонскиот владин врв.

Според најавите, инвестицијата во фабриката вреди 60 милиони евра, а ќе отвори нови сто работни места. Со тоа вкупната инвестиција на „Џонсон Мети“ во Македонија ќе достигне 120 милиони евра при што компанијата ќе има 500 вработени во двете фабрики.

„Џонсон Мети“ е втората странска компанија по „Џонсон контролс“, која одлучи по вторпат да вложи во Македонија.

„Kога некоја компанија реинвестира во земјава, значи дека е задоволна од почетната инвестиција, условите за работа, комуникацијата со властите и од сите други параметри неопходни за добар бизнис“, рече премиерот Никола Груевски на поставувањето на камен-темелникот.

„Џонсон Мети“ ја отвори својата прва фабрика во земјава во 2010 година и набргу успеа комплетно да ја смени структурата на извозот. Ако претходно најмногу извезувавме производи од железо и од челик, сега од Македонија најмногу излегуваат катализатори.

Лани „Џонсон Мети“ изби на врвот на листата со 100 најголеми извозници со извоз поголем од 640 милиони долари, што е околу 14 отсто од вкупната вредност на извезените стоки. За споредба, сите 59 компании со домашен капитал минатата година заедно имале помал извоз од британската компанија.

Македонските власти за годинава се оптимисти во поглед на привлекувањето странски инвестиции. Очекувањата се дека следниот месец три нови фабрики ќе почнат со работа, а до крајот на годинава уште седум други ќе вложат во земјава. Наскоро треба да почне со работа компанијата „Kемет електроникс“, која веќе почна да ги опремува погоните и да објавува огласи за вработување. Слична е ситуацијата и кај италијанската компанија „Технокозе“.

Статистичките податоци покажуваат дека во јануари во земјава влегле 34,3 милиони евра странски инвестиции, што властите го оценија како добар почеток на годината. Тие очекуваат дека до крајот на годинава странските вложувања ќе надминат 350 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Експлозија имало во Бунарџик, а пожарот во Пинтија бил од искри поради испади на далековод

Кристијан Ландов

„Гересхајмер“ отвори фабрика во Бунарџик, инвестиција од 25 милиони евра и 400 работни места

Ана Ололовска

Анѓушев на увид во Бунарџик и ТИРЗ Скопје 2

Ана Ололовска

Нова фабрика во Бунарџик

Ана Ололовска

„Текнохозе“ почна да гради втора фабрика во Бунарџик

Ана Ололовска

Белгиски „Ван Хол“ бара работници за фабриката во Бунарџик

Ана Ололовска