Експлозија имало во Бунарџик, а пожарот во Пинтија бил од искри поради испади на далековод

Од:

Две дојави за пожар имало по 17 часот во Скопје. Едната била за трафостаницата во Пинтија, каде се утврдило дека не гори таа, туку во нејзина непосредна близина, а другата дојава е за во Бунарџик каде имало експлозија.

Во Пинтија било интервенирано со две возила, па биле повикани и други екипи од Автокоманда, а горела сува трева која се запалила од искри на далноводот.

„Поради сериозноста на објектот, беше испратена дополнителна помош. На лице место видовме дека не е пожарот во трафостаницата, туку близу далноводот. Беше запалена сува трева. Пристапено е за гаснење. Заради пуштање на далноводот, останаа екипите. Поради неколку кратки прекини, претпоставуваме дека причина за пожарот се испадите во претходниот час. Имавме дојава за експлозија на далновод и во индустриската зона Бунарџик“, кажаа од скопската пожарна.

-Испад на далекуводот од ТС Скопје 4 кон ТС Бунарџик и пожар во близина на трансформаторската станица, беше причина за прекин на снабдувањето со електрична енергија во поголем дел од Скопје, делови од Велес и Овче Поле. Овие два фактори го условија испаѓањето од погон на двата 400/110 кV трансформатори, а со тоа и испадот на целата трафостаница Скопје 4 во населбата Пинтија, се вели во официјалното соопшение од МЕПСО.

Трафостаницата во Пинтија се исклучила поради активирање на заштитата. Бидејќи трафостаниците во Бунарџик и Пинтија се меѓусебно поврзани, постои можност, испадите од мрежата да се предизвикани од едната, па проширени и на другата.

Од Мепсо информираат дека се можни привремени во снабдувањето со струја затоа што екипите на компанијата ќе ги отстрануваат преостанатите дефекти.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Од пожар во кафуле изгоре трикатница во Грција

А1он

ЦУК: Гори магацин за бои и лакови во Железара

А1он

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат

Изгореа над 20 дуќани во трговски центар во Шуто Оризари

Горан Наумовски

Изгоре трговски дуќан во Шуто Оризари, не се знае како пламна пожарот

Горан Наумовски

Од вкупно 31 пожар, три се активни, четири се под контрола