Дизелот поскапува за половина денар

Од:

Цената на бензините останува иста, а дизел горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат за половина денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Со одлуката се врши зголемување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,03, односно 0,59 отсто.

Новата малопродажна цена на на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 47, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 35,5 денари за литар.

Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОСУПЕР БС-98 остануваат исти, односно 60,5 и 62,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,048 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе изнесува 24,187 денари за килограм.

Како причина за промената на малопродажната цена на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат за 3,71 отсто повисоката просечна цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена и за 2,13 отсто понискиот курс на доларот во однос на денарот.

Би можело да ве интересира

Поевтинува мазутот, цените на бензините и на дизелот не се менуваат

Поскапуваат бензините

Поскапуваат горивата

Катерина Ѓуровски

Бензините поевтинуваат за половина денар по литар

Поскапуваат бензините и дизелот

Горан Наумовски

Од полноќ нови цени на горивата

Дизелот поскапува за половина денар

Од:

Дизелот од ноќеска на полноќ поскапува за половина денар, а цените на бензините остануваат непроменети.

Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, новата цена на Еуродизел ќе изнесува 70,50 денари за литар. За половина денар се зголемува и цената на Екстра лесното масло за домаќинство кое ќе се продава за 59 денари за литар.

Малопродажната цена на  ЕУРОСУПЕР БС-95 останува 82,50 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС одн 98 октани 84 денари за литар. Не се менува и цената на мазутот М-1 НС која изнесува 42,471 денар за килограм.

Просечната цена на сурова нафта на светскиот пазар во изминатиот 14-дневен период  изнесуваше 106,971 долари за барел и е за 0,80 пониска пониска од просечната цена на сурова нафта (107,838 $/барел)  по која беа формирани тековните цени на нафтените деривати.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот 14-то дневен период изнесуваше 48,0267 денари за долар и е за 1,02 отсто повисок од курсот на доларот (47,5403ден/$) по кој беа формирани цените.

Би можело да ве интересира

Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста

Поскапуваат горивата

Поскапуваат бензините и дизелот

Горан Наумовски

Поевтинува мазутот

Поевтинуваат бензините и дизелот

Поевтинува ЕУРОСУПЕР БС – 95