Дизелот поскапува два денари, цената на бензинот останува иста

Од:

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,85% во однос на одлуката од 24.03.2022 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 2,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 1,044 ден/кг и ќе изнесува 56,207 ден/кг.

Од 26.3.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 82,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 84,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 86,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 81,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 56,207 (денари/килограм)

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 1,322%, кај дизелот за 3,210%, кај екстра лесното масло за 2,933% и кај мазутот за 2,240%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,016%.

„Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 26.3.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени“, велат од Регулаторната комисија.

Би можело да ве интересира

Разрешени двајца членови на Регулаторната комисија за енергетика

А1он

РКЕ утре се очекува да ја соопшти цената на струјата што ќе важи од јануари идната година

А1он

Поскапуваат горивата

РКЕ: Цената на струјата за најголемиот дел од потрошувачите од домаќинствата поскапува за 0,5 отсто

Горан Наумовски

Поскапуваат дизелот и екстра лесното масло

Во ниту еден случај нема да се поскапи парното за домаќинствата, тврдат од Регулаторна

A1on