Дизелот поевтинува за два денари, цената на бензинот останува иста

Од:

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,96 % во однос на одлуката од 31.03.2022 година.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалуваат за 2,00 ден/лит и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), изнесува 83,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 79,50 ден/лит.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, и на Мазутот М-1 НС, не се менуваат и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 83,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 85,50 ден/лит, додека малопродажната цена Мазутот М-1 НС изнесува 56,130 ден/кг.

Од 2.4.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 83,50 (денари/литар)
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 85,50 (денари/литар)
– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 83,50 (денари/литар)
– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 79,50 (денари/литар)
– Мазут М-1 НС – 56,130 (денари/килограм)

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 0,957% или за 10,250 $/тон, кај дизелот намалување во просек за 2,962% или за 34,750 $/тон, кај екстра лесното масло намалување во просек за 2,851 % или за 31,150 $/тон, и кај мазутот намалување во просек за околу 1,510% или за 10,750 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период, во просек изнесува 55,9286 ден/$ и е за околу 0,254 % понизок од курсот на доларот (56,0709 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка..

„Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 2.4.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени“, велат од Регулаторната комисија.

Би можело да ве интересира

Разрешени двајца членови на Регулаторната комисија за енергетика

А1он

РКЕ утре се очекува да ја соопшти цената на струјата што ќе важи од јануари идната година

А1он

Поскапуваат горивата

РКЕ: Цената на струјата за најголемиот дел од потрошувачите од домаќинствата поскапува за 0,5 отсто

Горан Наумовски

Поскапуваат дизелот и екстра лесното масло

Во ниту еден случај нема да се поскапи парното за домаќинствата, тврдат од Регулаторна

A1on