Димовски: Загрижувачки се проценките за екононските штети од климатските промени

Од:

Од климатските промени чие негативно влијание Македонија веќе го чувствува, загрозени се поважните земјоделски региони и стратегиските култури, додека проценките за економските штети се загрижувачки, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски.

По  завршувањето на есенската кампања на Караванот за климатски промени во Свети Николе, Димовски нагласи дека земјоделството е меѓу најранливите економски сектори од овој аспект.

Идниот период, најави, Министерството ќе се фокусира на креирање соодветни политики и дефинирање мерки за прилагодување кон климатските промени.

– Зајакнувањето на капацитетите ќе ја вклучи и Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството во насока на обезбедување совети за подобри земјоделски пракси и пристап до подобри информации за одгледување високо приносни култури, како и обезбедување совети за одржување на приносите во услови на екстремни температурни или други негативни влијанија, а секако и Управата за хидрометеоролошки работи за обезбедување навремени и прецизни податоци за прогнозрирање на температурата и врнежите, истакна Димовски.

Според директорот на мисијата на УСАИД Џејмс Стејн, целта на Караванот е да ги едуцира индивидуалните земјоделци и нивните заедници за очекуваните ефекти од климатските промени. Преку сесии на отворени прашања и одговори експертите директно одговараат за одредени проблеми со кои се соочуваат земјоделците, со што се прават стратегии за адаптација кон ефектите од климатските проемени.

– Од неодамна Македонија е под влијание на потопла и посува клима, а со тоа е и повеќе подложна на појава на топлотни бранови, суши, поплави и град, рече Стејн.

Земјоделските експерти им порачаа на земјоделците од Овчеполието, во услови на климатски промени да инвстираат во заштитни мрежи кои земјоделските култури ги чуваат од град и други надворешни влијанија. Овој регион треба да вложи и во системот за наводнување „капка по капка“.

На завршната манифестација присуствуваше и градоначалникот на Општина Свети Николе Зоран Тасев.

Би можело да ве интересира

Лефков: Владата го зголеми Буџетот за земјоделство, фокус модернизацијата и наводнувањето

СДСМ: ДПМНЕ ги заглави субвенциите а се фали со мерките на СДСМ за јачменот, пченицата, грозјето

Земјоделците од штипските села се жалат дека немаат вода за наводнување на културите

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

A1on

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници