Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски ќе претстојува во дводневна работна посета на Русија.
Димовски ќе присуствува на покана од неговиот колега од Руската Федерација, Николај Василевич Фјодоров.
За време на посетата предвидено е потпишување на Меморандум за зајакнување на соработката во областа на земјоделството меѓу двете министерства со кој Македонија и Русија ќе ја развијат, унапредат и прошират соработката во земјоделството.