Исплатата на субвенциите е во тек и се одвива без никаков проблем, изјави денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски.
Како што рече Димовски пред состанокот на Советот за земјоделство и рурален развој, од 2011 година веќе не постои терминот неисплатени, туку непребиени субвенции, со заостаната обврска на земјоделците за неподмирена закупнина за користење државно земјоделско земјиште.
– Во фаза се потпишувањата на договорите меѓу Министерството и корисниците на државното земјоделско земјиште. Тие треба да знаат дека со ова се пролонгира обврската за нивно плаќање до 31 јуни следната година кога е последниот датум да ги платат овие обврски. Истовремено извршивме корекција и во Законот за земјоделско земјиште согласно која, за слични случаи, за неплатени обврски се е предвидено наеднаш, за 2011 и 2012 година разликата од обврската до вистинската вредност на субвенцијата да биде наеднаш исплатена, објасни министерот, одговорајќи на новинарски прашања.
Вакви случаи, нагласи, нема многу. – За сума не би можел точно да кажам, но сигурно не е толку голема колку што може некој да шпекулира, подвлече министерот Димовски.