Димовски на Саем за свежо овошје и зеленчук во Москва

Од:

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски престојува во дводневна официјална посета на Руската Федерација, каде ќе го посети Саемот за свежо овошје и зеленчук „World Food“ што се одржува од денеска до 20 септември.

На саемот годинава со поддршка од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство учествуваат 12 македонски компании меѓу кои Агро-лозар, Вега Мак, Туран, Хина, Бонум, Витаминка, Кадино индустри, Коро, Агрофруктус…

Планирано е министерот Димовски да го посети македонскиот штанд и да се сретне со македонските изложувачи.

Саемот се протега на површина од 56.240 метри квадратни и претставува можност за воспоставување на соработка меѓу компаниите од двете држави.

За време на посетата, Димовски ќе оствари средба и со претседателот на Македонско-рускиот комитет на која се очекува да се разговара за можностите за унапредување на трговската размена преку либерализација на трговскиот режим, зголемување на обемот на руските инвестиции во областа на земјоделството, како и зголемување на пласманот на македонските производи на рускиот пазар.

Би можело да ве интересира

Лефков: Владата го зголеми Буџетот за земјоделство, фокус модернизацијата и наводнувањето

СДСМ: ДПМНЕ ги заглави субвенциите а се фали со мерките на СДСМ за јачменот, пченицата, грозјето

Земјоделците од штипските села се жалат дека немаат вода за наводнување на културите

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

A1on

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници