Димковски: Започна ИПАРД 3 програмата, 97 милиони евра од ЕУ за модернизација на македонското земјоделство

Од:

Ние сме прва земја во регионот којашто започнува со ИПАРД 3 програмата. Имаме неповратни 97 милиони евра од ЕУ, пари за модернизација и дополнителен развој на македонското земјоделство вели претседателот на Комисијата за земјоделие на СДСМ ТРајн Димковски.

– Со помош на ЕУ создаваме нови можности, за многу нови инвестиции за изградба и реконструкција на фарми, оранжерии, амбари, силоси, објекти за земјоделска механизација, објекти и опрема за преработки, за собирање, складирање, ладење, сушење, замрзнување. Од 1 септември веќе започна спроведувањето на новата ИПАРД 3 програма. Една од новостите во новата ИАПРД 3 програма е авансна исплата до 50% од висината на финансиската поддршка, веднаш по потпишување на договорот. Но, крајната цел е нашите земјоделци, нашата економија да доживее напредок, да доживее развој преку остварувањето на полноправното членство во Европската Унија, рече Димковски.

Би можело да ве интересира

Маркоска: Радикалните ставови на Палевски беа алатка на ДПМНЕ, треба да се истражат односите со Мицкоски

За СДСМ Талат Џафери е добро решение за премиер, утре ќе го потврдат Митрески за кандидат за претседател на Собранието

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски да излезе пред граѓаните и да одговори за средбите со Палевски

Со Талат премиер се случува целосна ДУИзација на Македонија овозможена од СДС и Ковачевски тврди ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ оддаде почит кон една од најзначајните личности на македонската и словенска писменост Свети Климент Охридски

(ВИДЕО) Лазаревска: СДСМ го штити и унапредува македонскиот јазик

Горан Наумовски