Димковски: Се проширува Интервентниот фонд за земјоделство за поголема поддршка за земјоделците

Од:

Во време на глобална криза, кога и цената и побарувачката на важни земјоделски производи е на високо ниво, Владата воведува Програма за интервентен фонд за земјоделството, во вредност од 250 милиони денари рече на прес конференција Трајан Димковски од Комисијата за земјоделство на СДСМ.

– 120 милиони денари се наменети за субвенционирање на набавката на вештачки ѓубрива за производителите на пченица и јачмен.Дополнително, поради високата цена на нафтата, годинава, направено е усогласување и на износот за реализација на мерката „зелена нафта“ кој е зголемен за 13 отсто.Обезбедуваме дополнителни субвенции за набавка на вештачко ѓубриво и за сончоглед и пченка. Дополнително, и за оваа година, субвенциите за сончогледот ги исплативме пред почетокот на новата сеидбена сезона за земјоделците да можат навреме да сеат и да имаат пари за производствените трошоци. Минатата недела, Платежната агенција исплати над 450 милиони денари субвенции за полјоделски култури меѓу кои и за сончогледот и маслодајната репка вели Димковски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: По промоцијата на Магма, очекуваме Мицкоски да го пушти во употреба „Мој ДДВ“

(ВИДЕО) Талески: Втор обезбедувач на Мицкоски фатен во контакт со подземје

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е тешко да сфати, но кога последен пат бил уапсен член на обезбедувањето на премиерот, нема милост за криминогените

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Обезбедувањето на Мицкоски е составено од најголемите криминалци во државата, кои тој лично ги одбрал

Катерина Ѓуровски

СДСМ: И по една година, Мицкоски уште сече ленти на инвестиции на СДСМ

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Илиевски: Нов скандал во министерството на Андоновски, тендер добиле родители на негов вработен