Дијалогот помеѓу синдикатите и Владата е постојано во тек

Од:

Денеска во Владата продолжи дијалогот помеѓу синдикатите и претставници на Владата за усогласување на платите во јавниот сектор со минималната плата.

„Претставниците на синдикатите се сретнаа со заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Фатмир Битиќи, министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска и заменик-министерот за финансии, Филип Николоски.

Вицепремиерот Битиќи на почетокот на состанокот посочи дека дијалогот во никој случај не е прекинат. Преговорите во последниот период се водеа по гранковите синдикати и надлежните Министерства како и дека Владата останува на ставот дека усогласување на платите треба и ќе има, но во тој процес никако не смееме да заборавиме на моменталната ситуација, солидарноста и секако ефективноста на јавната администрација.

На состанокот најавено беше дека ќе бидат формирани работни групи кои ќе работат на дефинирање на моделот за плати кој ќе осигурува раст на платите на долг рок но и методологија која ќе ја следи продуктивноста на вработените“, велат од Владата.

Би можело да ве интересира

Делегациите на оваа власт сѐ повеќе наликуваат на свадбени патувања со државна логистика, Левица реагира на владината посета на Јапонија

Владата работи домаќински и континуирано на привлекување странски инвестиции, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ: Се води одлучна борба против криминалот и корупцијата, се апсат лица кои до сега беа недопирливи

Левица: Наместо помош за настраданите во Кочани, Владата дала 23 милиони денари за да си го измери рејтингот

СДСМ: Владата предводена од ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН е најнеспособната и најхаотичната што Македонија ја имала

СОНК: Да не се потпишуваат новите решенија за плати во културата

Горан Наумовски