Дигитални обуки за полесно вработување на младите лица

Од:

Дигитална платформа која ќе им овозможи на младите невработени лица, особено оние кои живеат надвор од Скопје, да поминат бесплатна обука од програмата „Вештини за успех“ за да се стекнат со знаења и вештини за полесно вработување или започнување сопствен бизнис, креираше Пивара Скопје.

Програмата вештини за успех се реализира изминатите две години, но отсега за прв пат обуките ќе може да се посетуваат по дигитален пат, со што и на младите лица кои живеат надвор од главниот град им се даваат еднакви шанси. Досега обуки во рамки на оваа програма поминале 1.200 млади, од кои 36 проценти веќе успеале да се вработат.

Генералниот директор на Пивара Скопје, Владимир Косијер, појасни дека програмата се реализира во соработка со Министерството за труд и социјална политика, Агенцијата за вработување, но и центрите за социјални работи. Се води сметка, рече, да се запази родовата еднаквост, но и застапеноста на социјално ранливите категории.

– На овој начин веруваме дека ќе креираме дополнителни можности и перспективи за младите и ќе придонесеме за натамошното зголемување на вработувањето и развојот на претприемништвото, рече Косијер на прес-конференцијата по повиод промоцијата на дигиталната платформа.

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска истакна дека е неопходна ваков тип соработка меѓу компаниите, државата и младите лица, со цел да се зголеми нивната вработливост.

-Образованието ни дава одредено ниво на квалификација, но, она што недостига е вистинската подготовка за работно место. Со што ќе се соочиме, што треба да научиме повеќе од она што го пишува во книгите. Тоа се добива со ваков тип неформална едукација, со практина работа и настава во компании. Велиме дека Македонија има голем број невработени млади, тие ја напуштаат државата. Од друга страна ако ги прашате стопанските комори тие велат дека има недостиг на кадар. Тоа значи дека како држава одреден период сме заборавиле дека комуникацијата меѓу сите засегнати страни го дава успехот, рече Царовска.

Оваа мерка со дигитализација на тренинг програмата, додаде Царовска,е во рамки на заложбата на Владата, бидејќи дава еднаков пристап за услуги за сите граѓани.

Со програмата младите добиваат можност да ги усовршат своите знаења комуникациски вештини, да стекнат знаења од областа на финансиите и деловното работење за креирање развојни планови, но и за ефикасно водење преговори и продажба. партнер на Пивара Скопје за оваа програма е компанијата Мотиви.

Би можело да ве интересира

Велковски: Буџетот на МТСП оштетен над 2,5 милиони евра

МТСП: Си заминува стручниот кадар од Центрите за социјална работа

Нема веќе предвремена исплата, пензиите како пред пандемијата

Катерина Ѓуровски

МТСП: Пензискиот фонд е стабилен, да не се креира страв кај пензионерите

МТСП: Социјалните партнери постигнаа значителен напредок во преговорите за раст на платите во јавен сектор

Душан Митрев ја презеде функцијата генерален директор на Пивара Скопје