Детектирани случаи на нудење осигурителни услуги од друштва кои немаат дозвола за работа во земјава, АСО апелира до граѓаните на внимателност

Од:

Агенцијата за супервизија на осигурувањето апелира до граѓаните да внимаваат од кои друштва за осигурување купуваат полиси за осигурување, со оглед на тоа што во послдно време се детектирани случаи на нудење, рекламирање и склучување полиси за осигурување издадени од странски друштва за осигурување, особено од Република Бугарија, кои немаат дозвола за вршење работи на осигурување од АСО.

Агенцијата апелира граѓаните да внимаваат од кои друштва за осигурување купуваат полиси за осигурување, а особено поради фактот што постои можност, доколку полисите ги купат од странски друштва за осигурување кои немаат дозвола од Агенцијата за супервизија на осигурување, во иднина, да не можат да ги остварат своите права од склучените договори за осигурување, за кои уредно од нивна страна е платена премија за осигурување.

– Врз основа на следење на состојбата на осигурителниот пазар во земјата, посебно во делот на рекламирање и продажба на осигурителни производи, Агенцијата за супервизија на осигурување во последно време детектира случаи на нудење, рекламирање и склучување полиси за осигурување издадени од странски друштва за осигурување (особено од Република Бугарија) кои немаат дозвола за вршење работи на осигурување од Агенцијата за супервизија на осигурување, информираат од АСО.

Агенцијата напоменува дека вршењето работи на осигурување, работи на застапување во осигурување односно осигурително брокерски работи без дозвола од Агенцијата претставува кривично дело за кое согласно Законот за супервизија на осигурување е предвидена казна затвор од три месеци до пет години.

Од Агенцијата ги предупредува сите субјекти кои вршат работи на осигурување, работи на застапување во осигурување, односно осигурително брокерски работи без дозвола од страна на Агенцијата, дека во случај на идентификување на овие субјекти, против нив ќе бидат преземени сите со закон пропишани мерки и санкции.

Согласно Законот за супервизија на осигурување, правните и физички лица може да се осигуруваат исклучиво во друштва за осигурување кои имаат дозвола од Агенцијата за супервизија на осигурување, а за кои може да се инфомрираат на веб страницата на Агенцијата.

Би можело да ве интересира

Над 200.000 граѓани ова лето купиле патничко осигурување за годишен одмор во странство

Катерина Ѓуровски

Кој е најдобриот систем да бидете подготвени за неочекуваното во Вашиот дом?

Предраг Петровиќ

Соработката помеѓу „МинтИнс“ и „Интердоместик“ ветува позитивно влијание на осигурителниот пазар

Вратени старите цени на осигурувањата за возила, нема одлука дали ќе им се вратат пари на граѓаните кои плаќаа поскапо

A1on

Владата донесе одлука со којашто цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Осигурителните компании имаат рок до вечер да ги вратат старите цени на полисите

A1on