Деспотовски: Во септември компаниите во зоните достигнале највисоко ниво на извоз во последниве пет години

Од:

„Податоците кои за првпат ги имаме во зоните покажуваат дека само во септември кај компаниите имаме извоз од речиси 500 милиони евра што е највисоко ниво досега и нето извоз од 13%. Истовремено само годинава имаме раст на вработените од 12%, односно само од јануари до сега 1600 наши сограѓани се вработиле во овие компании. Ова не се само бројки и статистики, туку се реални ефекти од новиот концепт на ТИРЗ кој се фокусира на инвестиции кои носат додадена вредност и добрата деловна клима во државата,“ изјави Јован Деспотовски, директор на ТИРЗ на денешниот брифинг со новинарите.

Само во септември во компаниите во зоните се отворени над 300 нови работни места, со што вкупниот број на вработени порасна и достигна 15.600.

Позитивниот тренд на раст од почетокот на годинава продолжува и во однос на извозот и увозот. Заклучно со септември извозот од ТИРЗ порасна и надмина 2,78 милијарди евра, што е највисоко ниво во последниве четири години споредено со истиот период. Извозот од јануари до септември е за 34% повисок во однос на истиот период во 2021.

Третиот квартал од годинава со над 1 милијарда евра извоз е исто така највисок квартал во последниве 5 години. Тоа е за речиси 53% повеќе од од третиот квартал во 2021.

Од јануари до септември 2022 година регистриран е увоз од 2,46 милијарди евра што е највисоко ниво споредено со истиот период во изминативе четири години. Ова е за 11% повеќе во однос првите девет месеци од 2021. Увозот кај компаниите во ТИРЗ во септември е највисок досега за еден месец, со 349 милиони евра што е за 84% повисоко од истиот месец лани. Заклучно со септември и нето извозот е 12,5%.

Деспотовски најави и нови мерки за компаниите во справување со последиците од енергетската криза и нивните барања за користење на фотоволтаици. ТИРЗ веќе направи измени во процедурите со кои на компаниите им се овозможува поставување на фотоволтаици на кровните површини, а произведената струја може да ја користат исклучиво за сопствени потреби. ТИРЗ ја поедностави и процедурата одобрение за поставување на фотоволтаици која сега е скратена на најмногу пет дена.

Деспотовски посочи дека фабриката ОДВ во Струга веќе ја искористи оваа мерка и за помалку од три месеца постави своја фотонапонска централа. Деспотовски најави дека ТИРЗ работи и на нови мерки со кои меѓу другото ќе се овозможи и дел од произведената струја од обновливи извори да се враќа во системот на ЕСМ по цени значително пониски и пазарните. Се очекува од овие мерки корист да имаат домашните компании и граѓаните.

Би можело да ве интересира

Се јави и трет за истата германска инвестиција: Не е ниту СДСМ, ниту ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ

Извозот на компаниите од ТИРЗ во април 300 милиони евра

Рекција на ТИРЗ по наводите на ВМРО-ДПМНЕ: Не е исплатен ниту денар за проектот е.Го

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Пропадна стратешката инвестиција на ДУИ и СДС со фабриката за електрични автомобили

Владата нема да и додели помош на „Некст е.ГО“ која требаше да прави електрични возила, била несолвентна

A1on

Пендаровски: Политичките лидери креираат рамка, но младите, успешни луѓе ја движат државата напред