Деспотовски: Инвестираме 15 милиони евра во инфраструктура, ќе помогнеме и во локален економски развој

Од:

Технолошко индустриската развојна зона ги проширува можностите за инвестирање на локално ниво како и отворање заеднички зони со општините со државна поддршка, како дел од новиот концепт. Како што се наведува во соопштението, директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски остварил средба со Перо Костадинов, градоначалник на Валандово и со градоначалникот на Гевгелија, Сашо Поцков, со што ја започнал серијата разговори со повеќе општини што имаат за цел да развијат модел на привлекување на домашни и странски инвестиции на локално ниво.

-Со општините разговараме како да ги вклучиме и нив и заедно да ги подобриме условите за инвеститорите на локално ниво. Сакаме искуството коешто го имаме со странските инвеститори во ТИР зоните да го развиеме на локално ниво за домашни компании. Во партнерство со општините да вложуваме во подобрена инфраструктура со која ќе привлечеме квалитетни инвеститори кои ќе донесат добро платени работни места, особено за младите во југоисточниот и вардарскиот регион, изјави Деспотовски.

Валандово располага со две индустриски зони, а Деспотовски и Костадинов разговарале за отворање и трета индустриска зона со државна поддршка.

-Сакаме директно да ги слушнеме потребите на домашните бизнисмени со цел да креираме подобри услови за нив и да ги поттикнеме да инвестираат овде, дома. Ова е практичен чекор на изедначување на домашните и странските компании што е дел од новиот концепт на ТИРЗ. И нашите домашни компании ќе ги уживаат истите услуги, поддршка и привилегии, како и странските, истакна Деспотовски.

Директорот на ТИРЗ посочил дека во моментов се спроведува инвестициски циклус од 15 милиони евра во повеќе зони, во основната инфраструктура и дека се изготвува студија за оправданост за ТИРЗ Гевгелија, со што оваа за сега неактивна зона ќе се стави во функција.

Поцков соопштил дека општината веќе вложува во инфраструктура до зоната со што ќе се забрза реализацијата на плановите за активирање на зоната.

ТИРЗ најави дека консултациите со другите општини ќе продолжат и во наредните денови и додаваат дека овој процес треба да резултира и со измени во законската регулатива, со што ќе се олесни државната инвестиција во инфраструктурата на индустриски зони на локало ниво.

Би можело да ве интересира

Се јави и трет за истата германска инвестиција: Не е ниту СДСМ, ниту ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ

Извозот на компаниите од ТИРЗ во април 300 милиони евра

Рекција на ТИРЗ по наводите на ВМРО-ДПМНЕ: Не е исплатен ниту денар за проектот е.Го

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Пропадна стратешката инвестиција на ДУИ и СДС со фабриката за електрични автомобили

Владата нема да и додели помош на „Некст е.ГО“ која требаше да прави електрични возила, била несолвентна

A1on

Пендаровски: Политичките лидери креираат рамка, но младите, успешни луѓе ја движат државата напред