Десеткратно намалување на добивката на „Волво“

Од:

Шведскиот производител на камиони „Волво“ соопшти добивка пред оданочување од 660 милиони круни (околу 76 милиони евра) за четвртото тримесечје лани, јави дописникот на МИА.

Во истиот период во 2011 година добивката на „Волво“ АД беше речиси десет пати поголема – 6.390 милиони круни.

На ниво на концернот првото тримесечје годинава се очекува да мине со тешкотии, како резултат на намалувањето на нарачките на многу пазари.

На рентабилноста ќе влијае и ниската искористеност на капацитетите и високото ниво на трошоци за истражувања и развој, вклучувајќи ги и трошоците за лансирање на нови производи.

– Но, сепак очекуваме сукцесивно подобрување на условите на пазарот во текот на 2013 година, напоредно со зголемувањето на економскиот раст во глобални рамки, потенцира генералниот директор Улоф Персон во прес-соопштението што денеска го лиферува „Волво“ АД.

Генерално гледано, шведскиот гигант за производство на камиони и тешки товарни возила оценува дека ги има задржано пазарните позиции, и покрај присуството на извесни регионални варијации.

Во текот на последното тримесечје лани бројот на вработените во производството на „Волво“ АД беше намален за околу 2.000 лица.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

Орце Костов

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

Орце Костов

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

Орце Костов

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

Орце Костов

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска