Промоција на потенцијалите на занаетчиството како фактор за економски развој, креатор на нови работни места, атрактивно занимање за младите, чувар на традицијата и културата, е целта на петтата манифестација „Денови на занаетчиството во Република Македонија 2014“, што ќе се одржи денеска во Старата скопска чаршија.
На манифестацијата Занаетчиската комора на Македонија (ЗКМ) ќе додели признание „Занаетчија на годината“, а Министерството за економија, покровител на настанот, „Признание за најуспешните“. Ќе бидат промовирани и првите сертифицирани ментори за практична обука на ученици кај работодавачи.
Најавено е учество на министерот за обарзование и наука Абдилаќим Адеми, претседателот на ЗКМ Весна Симова и заменик-амбасадорот на Сојузна Република Германија во Македонија Ханс-Хелге Зандер.
„Денови на занаетчиството“ е заеднички проект што од 2010 година го реализираат занаетчиските комори на Македонија и на германски Кобленц.