Во рамки на Деновите на енергетска ефикасност на Град Скопје, денеска во кино Фросина во Младинскиот културен центар, ќе се одржи филмски фестивал на тема енергетска ефикасност.
Посетителите на фестивалот ќе имаат можност да ја погледнат презентацијата на пет документарни филмови, како и да добијат ЦД со документарните филмови.