Денеска се очекува да бидат потпишани првите договори за Мерката 122 од Националната програма за рурален развој, за „Поддршка на млади земјоделци за започнување на земјоделска дејност“ во министерството за земјделство, шумарство и водостопанство.
Пред присутните на потпишувањето на договорите се очекува да се обрати премиерот Зоран Заев, министерот Љупчо Николовски, како и дел од присутните земјоделци.