Ден на рударите – наградени најдобрите вработени во РЕК Битола и РЕК Осломеј

Од:

По повод верскиот празник Голема Богородица, кој се прославува и како Ден на рударите, во рударско-енергетските комбинати во Битола и во Осломеј беа доделени награди и признанија за најдобрите работници.

Наградите ги додели Претседателот на Управниот одбор и генерален директор на АД Електрани на Северна Македонија, Васко Ковачевски, кој ги поздрави вработените и им го честита празникот, нагласувајќи ја важната улога која рударите ја имаат во РЕК Битола и РЕК Осломеј, чие производство на електрична енергија почива на јагленот, како и нивното значење во рамките на целата компанија АД ЕСМ.

-Нашите рудари се првите во синџирот на производство на електричната енергија во термоелектраните. Се почнува во рудникот, од јагленот. Исто така, тука се и сите други вработени во другите сектори, но тоа што е заедничко за сите е споделувањето на една работна околина која е тешка за работа, која бара многу и која е многу одговорна. Државата енергетски се потпира на нас и тоа е нешто за што сите мора да сме свесни во секој момент, бидејќи тоа е голема одговорност, им порача директорот Ковачевски на вработените.

На пригодни церемонии по повод празникот кои се одржаа во двата комбината беа доделени награди, пофалници и плакети за покажана успешност, пожртвуваност и посветеност во извршувањето на работните задачи на 35 вработени во РЕК Битола, 11 вработени во РЕК Осломеј, како и признанија за двајца работници од РЕК Битола пензионирани со најдолг стаж меѓу двата празника.

Дел од пофалниците се доделуваат и за особена пожртвуваност при справувањето со последиците од поплавите што го зафатија еден од двата рудника во РЕК Битола, Суводол овој месец.

Директор на РЕК Битола, Златко Ќурчиевски и директорот на ПЕ Рудници, Драган Видановски денеска ги посетија вработените во рудникот кои непрекинато ги извршуваат работите за повторно целосно оспособување на ископот на јаглен и лично им го честитаа Денот на рударите.

Би можело да ве интересира

Директорот на РЕК Битола осомничен за незаконски избор на јавна набавка, Обвинителството бара „замрзнување“ на имот за инволвираните

СДСМ: Не се копа јаглен од Суводол, багерот не работи

Горан Наумовски

Времено исклучен Блок 1 од РЕК Битола

Ќе се бара нова фирма за ископ на јаглен и јаловина за РЕК „Битола“

Левица: Зошто договорот со „Марковски“ беше раскинат и кои се причините за изборот на „Топлина“?

А1он

ЕСМ: Фирмата „Топлина“ е привремено ангажиран економски оператор