Демократски сојуз: Минимална плата од 300 евра

Од:

Демократскиот сојуз смета дека минималната плата треба да се зголеми на 18.000 денари, при што ги охрабрува работодавците да се усогласат со синдикатот.

„Во услови на инфлација и зголемување на цените на прехрамбените производи, електричната енергија, гасот, услугите и сл., неопходно е да се води сметка за работниците со ниски плати, како и пензионерите. Воедно треба да се поддржат компаниите кои објективно не се во можност да остварат приходи за зголемување на минималната плата“, соопштува Демократскиот сојуз.

„Инаку, Демократскиот сојуз уште во јануари 2016 година, предлагаше зголемување на минималната плата (да изнесува 300 евра), но тогаш Парламентот, предложените законски решенија не ги прифати.

Очекуваме трипартитните преговори денес да завршат успешно, со што ќе се обезбеди минимална плата која ќе влијае и за зголемување на платите во целина, како и зголемување на пензиите согласно растот на цените и платите“, се додава во соопштението на ДС.

Би можело да ве интересира

ДС: Во прва фаза поминаа законите за една изборна единица и за формирање Агенција за борба против тешки облици на организиран криминал

Ана Ололовска

ДС: Идејата за широка коалициска Влада ќе доживе колапс, треба да се одржат предвремени парламентарни избори

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Се отвора расправа за една Изборна единица

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Со една изборна единица ќе зајакнат демократијата и одговорноста

Ана Ололовска

Демократски сојуз: Со законите кои ги предлага Владата ќе се легализира грабежот

Горан Наумовски

Демократски сојуз: Оставка на членовите на Републичкиот судски освет

Катерина Ѓуровски