Демократски сојуз: Да ги помогнеме земјоделците

Од:

Демократскиот сојуз предлага Владата на Македонија на дневна основа да ги следи состојбите во Украина и да презема мерки за ублажување на последиците, се со цел животот да се одвива нормално и да се води сметка за социјално загрозените категории на граѓани.

„Во оваа насока посебно е битно да се поттикне производството на стратешки производи: пченка, јачмен, репка, ориз, како и одгледување на сточен фонд.

Цените на нафтата и гасот треба да се одржуваат во прифатливи рамки преку намалување на ДДВ и акцизите.

Во овие неизвесни состојби посебно за извоз на раноградинарски производи, ги повикуваме граѓаните да ги купуваат истите, се со цел да се намалат штетите и опстои производството“, соопшти Демократски сојуз.

„Војната во Украина можно е да трае подолго, поради што неопходно е државните институции да се подготват за дејствување во сложени состојби, но не смеат да се блокираат реформите, клучни за евроинтеграцијата на земјата.

Европската Унија треба да направи исчекор и да ги отвори преговорите за полноправно членство на Македонија во ЕУ“, се вели во соопштението на Демократски сојуз.

Би можело да ве интересира

ДС: Во прва фаза поминаа законите за една изборна единица и за формирање Агенција за борба против тешки облици на организиран криминал

Ана Ололовска

ДС: Идејата за широка коалициска Влада ќе доживе колапс, треба да се одржат предвремени парламентарни избори

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Се отвора расправа за една Изборна единица

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Со една изборна единица ќе зајакнат демократијата и одговорноста

Ана Ололовска

Демократски сојуз: Со законите кои ги предлага Владата ќе се легализира грабежот

Горан Наумовски

Демократски сојуз: Оставка на членовите на Републичкиот судски освет

Катерина Ѓуровски