Дебата за јазот во платите на мажите и жените

Од:

По повод Денот на еднаква плата за мажите и жените, Центарот за истражување и креирање политики организира дебата на тема „18% помалку вредни: јазот во платите на мажите и жените“.

На дебатата ќе се дискутира за јазот во платите меѓу мажите и жените кој во земјава изнесува 18 отсто, за алатките за евалуација на вредноста на трудот и воопшто за родовата дискриминација на работното место.

На дебатата ќе говорат Емил Крстановски, национален координатор во Канцеларијата на Меѓународната организација на трудот во Скопје, Никица Мојсоска-Блажевски, извршен директор на Македонија 2025, Маре Анчева, генерален секретар на Синдикатот за индустрија, енергетика и рударство и Дона Димов Марковска, проектен менаџер во Организацијата на работодавачи.

Би можело да ве интересира

Дурмиши: Утре ќе биде потпишана платата за вработените во Инспекторатот за труд

Љутков: Свесен сум дека не ги дадовме платите пред Велигден, но конечно го решивме проблемот

СОНК: Да не се потпишуваат новите решенија за плати во културата

Горан Наумовски

СДСМ: Трошоците за живот растат, платите стагнираат

Филипче: Власта нема желба да ги покачи платите, затоа партиски го напаѓа Синдикатот

Трендафилов: Во Буџетот за 2025 се планирани пари за поголеми плати