Де Кро: Белгија ќе бара ограничување на цените на енергијата на ниво на ЕУ

Од:

Либералниот премиер на Белгија, Александер Де Кро, смета дека треба да се ограничат цените на енергијата во ЕУ и да се оданочат “надпрофитите“ на компаниите, јави дописничката на МИА од Брисел.

Иако е спротивно на неговата идеолошка платформа, белгискиот премиер смета дека кризната состојба во енергијата бара вонредни мерки во пресрет на зимата за да се ублажи ценовниот шок за граѓаните, а тоа треба да се стори преку државна интервенција врз пазарот.

Конкретно, премиерот на Белгија, Александер Де Кро, од редовите на Либералите, повика на директна интервенција врз пазарот како за време на финансиската криза во 2008 кога државите ги спасуваа банките.

-Треба да заземеме контрола врз пазарот и да одредиме максимална цена која ние, како Европа, прифаќаме да ја платиме на пазарот, за гасот и за струјата, изјави премиерот.

Тој посочи дека не смее да му се “дозволи на пазарот да ги пресуши семејствата и претпријатијата“.

-Мораме да притиснеме пауза и да го разгледаме начинот на кој фунционираат нашите пазари, додаде Де Кро.

Според него, исто така, се неприфатливи огромните профити кои ги влечат големите енергетски компании во време на криза и бара нивно оданочување, но Белгија смета дека ова треба да биде сторено на ниво на ЕУ, а не само на национално ниво. Иако веќе некои земји членки на ЕУ тоа го прават, како Италија.

Де Кро изјави дека бара од неговите ЕУ партнери и другите земји во Европа да соработуваат во борбата за етаблирање европска рамка која ќе овозможи борба против тоа што тој го нарекува “надпрофит“, или преголем профит на компаниите во енергетскиот сектор. Тој смета дека државата треба да ги добие тие пари назад и да ги распредели за домаќинствата и малите и средни претпријатија кои се соочуваат со енергетската криза.

Белгија во наредните недели и месеци ќе се соочува со отпор од страна на синдикатите кои најавија национален протест во септември и генерален штрајк во ноември поради покачувањето на цените.

Би можело да ве интересира

Исчезна Белгиец кој планирал планинарење во реонот на Охрид, Струга и Дебар

Катерина Ѓуровски

Седум лица се уапсени во Белгија поради планирање терористички напад

Вооружен напад во Брисел: Има мртви и ранети

Со солзи, белгискиот премиер Де Кро најави оставка по поразот на европските избори

A1on

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

А1он

Белгија ќе го покрене прашањето за санкции против Израел во ЕУ