ДБРС најави дека ќе премести дел на вработените од Лондон во Франкфурт

Од:

Меѓународната агенција за кредитни рејтинзи ДБРС најави дека ќе отвори нова канцеларија во Франкфурт, и во неа ќе префрли дел од својот персонал сега лоциран во Лондон.

ДБРС е една од четирите рејтинг агенции кои имаат одобрување за работа од Европската централна банка, и за да го задржи овој статус, компанијата мора да има седиште во ЕВропската унија. Ова е уште една во низата најави на финансиски компании дека ќе преместат дел од своите канцеларии од Британија по британското повлекување од Европската унија.

Европскиот регулатор на финансиската индустрија ЕСМА ги повика компаниите кои работат на определување кредитни рејтинзи да ги најават нивните планови во врска со Брегзит до крајот на 2018 година.

Би можело да ве интересира

Германските власти нудат парична награда за информации за трикратниот убиец од Кобленц

Авион падна во фабрички комплекс, има загинати

Мерц: Украина не треба да влезе во НАТО или во ЕУ додека е во војна со Русија

Германија: Мерц повикува на трговија без царини меѓу САД и ЕУ

Оружјето што Германија го испраќа во Украина често се расипува

ЦСУ го одобри коалицискиот договор со ЦДУ и СПД