Давутоглу: Ќе воведеме траен ред на Балканот

Од:

Турскиот министер за надворешни работи, Ахмет Давутоглу изјави дека неговата држава ќе направи се за да воведе траен ред на Балканот, Блискиот исток и Кавказ, пренесоа турските медиуми.

Зборувајќи на една конференција, Давутоглу истакна дека Турција има амбиции до 2023 година, да биде меѓу првите 10 држави во економијата.

Тој најави дека Анкара ќе ги прошири економските граници кон Азија и Африка, нагласувајќи дека економските граници ќе се прошират, додека политичките ќе останат стаблини.

-Ќе потпишеме договор за слободна трговија. Ќе одиме во правец на нови научни и технолошки парадигми и ќе ја развиеме надворешната политика -истакна тој, додавајќи дека во последните четири години Турција го зголеми бројот на амбасади во Африка од 12 на 34.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турците, Курдите, Арапите и Персијците нема да наседнат на игрите на империјалистите „раздели па владеј“

Предраг Петровиќ

Единаесет лица загинаа, а седум се повредени во експлозија во фабрика за експлозиви во Турција

Турција: Целта е да се постигне договор за поморските граници со Сирија

ВИДЕО: Снимка од ударот на хеликоптерот во болница во Турција

ВИДЕО: Хеликоптер удри во болница во Турција, четворица мртви

Претседателот на Големото национално собрание на Турција во тридневна посета на земјава

А1он