Дали се прави обид да се дисквалификува ЕДС со непочитување на Законот за јавни набавки?

Од:

На неколку дена пред да истече рокот за доставување документи за Универзален снабдувач на електрична енергија, се зголемуваат сомневањата за нечесни игри во врска со тендерот. На јавноста и станува се повеќе од очигледно дека Владата фаворизира која компанија ќе го добие атрактивниот тендер за Универзален снабдувач, уште пред да биде завршен јавниот повик кој трае до 12 -ти јануари.

Експертите во ова препознаваат обид да се дисквалификува еден од најсериозните учесници на повикот, а тоа е ЕДС, со непочитување на Законот за јавни набавки. Од оваа причина, компанијата поднесе и жалба до Комисијата за жалби по јавни набавки поради можноста повикот да биде незаконски ограничувачки, односно да го наруши принципот на слободна пазарна конкуренција, особено во делот на активата на компаниите. Mеѓу условите во повикот стои дека фирмата треба да има работен капитал од 40 милиони евра. За да учествуваат, согласно законите, од ЕДС можат финансиски да бидат поткрепени од мајката компанија, а тоа е грчката ППЦ, гигант во енергетскиот сектор во Југоисточна Европа.

„Целосен сопственик на ЕДС е ППЦ, фирма која има годишен приход од 12 милијарди евра и актива со која повеќе од 10 пати се задоволени условите на повикот. Согласно членот 7 од Законот за енергетика, а во врска со членот 96 од Законот за јавни набавки, во вакви повици дозволено е финансиската состојба на локалната компанија да биде поткрепена од мајката компанија, со што би се исполниле сите услови во повикот. Оттаму, нашиот интерес единствено се однесува за правилна примена на материјалното право при спроведувањето на повикот, се вели во дописот на ЕДС.

Сите правила на пазарната економија велат дека конкуренцијата во било која област конечно носи поволности за крајните потрошувачи, па така, исклучивоста или ограничувањето на конкуренцијата во овој повик, или погрешната примена на законските прописи, само би ја ограничило здравата конкуренција, спротивно на стандардите на ЕУ, а со тоа би спречила намалување на цената на електричната енергија за крајните корисници, велат од ЕДС.

Најавата од компанијата за многу пониска и поконкурентна маржа при учеството на јавниот повик за Универзален снабдувач на електична енергија за следните пет години ги вжешти страстите, но и го зголеми стравот на останатите компании во однос привлечниот тендер, на кој покрај постоечиот ЕВН Хоум, учество најавија и останати компании.

Дали во изборот на Универзален снабдувач ќе надвладеат сплетките и интригите од конкурентите или ќе надвладеат разумот и почитувањето на законските одредби од страна на Владата ќе се знае по завршувањето на тендерот.

Инаку годинава истекува петгодишниот договор со ЕВН Хоум како Универзален снабдувач на електрична енергија со маржа од 11, 5%. Оној кој ќе биде избран за Универзален снабдувач ќе ја преземе улогата во јуни. Атрактивната понуда од страна на ЕДС, на маржа многу пониска од постоечката ќе значи и пониска струја за оние најранливите, а тоа се граѓаните и малите потрошувачи.

Би можело да ве интересира

Касами е категоричен дека нема преговори за рокади со министерствата

Разрешница за промените во Владата по заминувањето на Таравари ќе има следната недела

Нема да има реконструкција на Владата, ќе има смена на министри

Катерина Ѓуровски

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 09.05.2025 изнесува 90,47 евра за мегават час, на МЕМО 99,81 евра за мегават час

ЕДС, како дел од PPC Групацијата: Стабилен партнер за македонските компании во време на енергетска неизвесност

Делегациите на оваа власт сѐ повеќе наликуваат на свадбени патувања со државна логистика, Левица реагира на владината посета на Јапонија