„Да купуваме македонски производи“ повторно на фискалните сметки

Од:

Владата го враќа логото „Да купуваме македонски производи“, За наше добро“ „Маде ин Мацедониа“ и сонцето на фискалните сметки од 1 јануари 2014 година. На фискалната сметка ќе биде прикажан и вкупниот промет од македонските производи. Целта е да се поддржи домашното стопанство и  да се подигне свеста на граѓаните за купување македонски производи.

Ова како што информира денеска на прес-конференција вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески е дел од најновите измени на Законот за регистрирање на готовински плаќања, кои се усвоени на последната седница на Владата.

– Ова се промени кои се во насока на македонското стопанство, во насока на поддршка на користење македонски производи, бидејќи производството на македонски производи зависи од тоа колку тие во трговијата се користат, колку се употребуваат од страна на потрошувачите и заради времето во кое живееме  и заради општите услови во европската и македонската економија сметаме за потребно да се поддржат македонските производи и да се даде поттик за нивно користење и секој на сметката да види колкав е нивниот промет, рече Ставрески.

Усвоените измени предвидуваат и поврзување на фискалните апарати со Управата за јавни приходи со што УЈП ќе добие поголема прегледност во регистрирањето на прометот кој се извршува преку фискалните апарати.

– Секој фискален апарат ќе биде поврзан преку ГПРС систем  со Управата за јавни приходи, која на крајот на денот ќе има информации за трансакциите, за вкупниот промет за секој субејкт. Со ова практично се воведува поголема транспарентност во работењето на стопанските субјекти и поголема можност за УЈП да ги има информациите и врз база на проценката на тие информации да го следи работењето на стопанските субјекти, истакна Ставрески.

Оваа одредба ќе стапи на сила од 1 јануари до 1 март  2014 година за фирмите кои имаат над 10 милиони денари промет, за даночните обврзници кои се занимаваат со угостителска дејност и за даночните обврзници кои се занимаваат со малопродажба на нафтени деривати, а за останатите субјекти крајниот рок ќе биде 1 јуни 2014 година.

За примена на овие одредби компаниите ќе треба да ги надградат фискалните апарати, а направените трошоци ќе бидат признати и ќе добијат даночно ослободување кое е законски предвидено.

Според директорот на УЈП Горан Трајковски, не станува збор за директно оптоварување на субејктите. Тој информира дека во првите три месеци од годинава 4.000 стопански субјекти добиле даночно ослободување од 6,140 милиони денари за набавка на фискална апаратура.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ е платформа за поврзување на регионот со светот

MINT Fintech Group ја поддржа eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер

АД МЕПСО ги прекинува сите видови на донации и спонзорства до крајот на оваа година

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Победата на Доналд Трамп на американските избори го зајакна доларот во однос на еврото

Буџетот за 2025 година усвоен на владина седница