Цветков: Владата ќе помогне за анулирање на штетите од болеста син јазик

Од:

Владата ќе им помогне на сточарите за анулирање на штетите од големата епидемија што ја предизвика болеста син јазик од која официјално во земјава се угинати околу 18.000 овци, но бројката не е конечна.

Ова денеска го посочи министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Михаил Цветков при денешната работна посета во Штип заедно со претседателот на Асоцијацијата на земјоделци, Ефтим Шаклев.

– Со одлука на Владата сточарите ќе бидат ослободени од пашарина за 2014 година, а субвенциите ќе им бидат исплатени за сите пријавени овци кои останале, но и за угинатите. Ќе дадеме и 4.000 денари по оставено женско јагне се со цел да го повратиме сточниот фонд кој што е угинат, изјави Цветков.

Повластиците, како што кажа, ќе важат и за говедата и козите иако од болеста се угинати само 10 крави и 100 кози.

– Целта со сетот на мерки за анулирање на штетите од болеста син јазик е да се поврати сточниот фонд во земјава, а надлежните институции и понатаму ќе ја следат оваа болест, која во моментов поради ниските температури не се шири, нагласи Цветков.

Тој најави дека на пролет ќе се преземат нови мерки за сузбивање на синиот јазик.

Претседателот на Асоцијацијата на земјоделци, Шаклев истакна дека сетот стимулатиовни мерки финансиски ќе ги закрепне сточарите, но и ќе овозможи ублажување на загубите на сточниот фонд.

Болеста син син јазик која се шири преку комарците годинава за првпат се појави во Беровскиот крај, а подоцна се прошири во Кочанскиот, Штипскиот, Радовишкиот и Овчеполскиот регион.

Би можело да ве интересира

Лефков: Владата го зголеми Буџетот за земјоделство, фокус модернизацијата и наводнувањето

СДСМ: ДПМНЕ ги заглави субвенциите а се фали со мерките на СДСМ за јачменот, пченицата, грозјето

Земјоделците од штипските села се жалат дека немаат вода за наводнување на културите

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

A1on

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници