Цветков: Тутунот од „Струмица табак“ ќе биде преземен од другите откупувачи

Од:

Целокупното производство на тутун што требаше да го откупи „Струмица табак“, која не успеа да обезбеди финансиски средства за откуп, ќе биде преземено од останатите откупувачи.

Ова било договорено на состанокот што министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков го имал со откупувачите.

– Проблемот е што „Струмица табак“ има потпишано договори за откуп на тутунот „басмак“, а компаниите кои треба да го откупат, не го користат овој тутун. Но, на состанокот се договоривме, бидејќи се работи за мало количество, да го откупат и „басмакот“, истакна Цветков одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција.

Досега, до Второстепената комисија, како што информираше Цветков, нема поднесено жалби од земјоделците околу откупната цена на тутунот.

Би можело да ве интересира

Откупот на тутунот е при крај, просечната откупна цена е 400 денари

Царина заплени 780 килограми тутун вреден 3,4 милиони денари

Лефков: Владата го зголеми Буџетот за земјоделство, фокус модернизацијата и наводнувањето

СДСМ: ДПМНЕ ги заглави субвенциите а се фали со мерките на СДСМ за јачменот, пченицата, грозјето

Земјоделците од штипските села се жалат дека немаат вода за наводнување на културите

Тутунот се расадува, се предвидува добра производствена година